Сантош ќе го менува логото во чест на Пеле

Бразилската екипа Сантош, се одлучи да направи промена на своето лого во чест на големата фудбалска легенда Пеле, кој се бори за живот во болница во Сао Паоло.

Состојбата на „кралот на фудбалот“ се влошува секојдневно, а сите се загрижени за неговото здравје. Асот имаше операција на дебелото црвено, а од неодамна е хоспитализиран поради проблеми со бубрезите и срцето.

„Пеле е Сантош, додека тој не се појави ние бевме мал клуб без титула во Бразил. Со него станавме шест пати шампиони и два пати го освоивме Копа Либертадорес и Интерконтиненталниот Куп“, велат од Сантош.

Промената на логото ќе биде промовирана на почетокот на идната година. Над круната покрај двете ѕвездички, ќе има и круна во чест на Пеле, кој е крунисан Крал на фудбалот.

Пеле е најтрофејниот фудбалер на Мундијалите со три освоени трофеи, по победите со „кариоките“ на Светските првенства во 1958, 1962 и 1970 година.

Се вчитува...