Фудбалската репрезентација на Македонија утре против Португалија на „Драгао“ ќе го одигра најголемиот натпревар во историјата во баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар.
Селекторот на Португалците, Фернандо Сантош вели дека одлично ја познава репрезентацијата на Македонија и дека е сигурен дека неговата селекција ќе се пласира на мундијалот во Катар.
„Ќе направиме се за да се пласираме на Светското првенство. 11 милиони луѓе ќе бидат со нас на овој меч. Одлично ја познаваме Македонија која е добар тим и ќе мора соодветно да одговориме на нивната игра. Верувам дека во ноември ќе бидеме во Катар“, изјави Сантош.
Натпреварот меѓу Португалија и Македонија кој ќе се игра на „Драгао“ во Порто е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА