Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош по ремито со Украина, одби да се задржи само кон играта на првата ѕвезда на актуелниот европски шампион, Португалија, Кристијано Роналдо, истакнувајќи дека фокусот мора да биде кон тимот.
„Не е решение цело време да размислуваме за тоа што Кристијано мисли и да се обидуваме да му бидеме во главата. Не можеме фокусот постојано да го насочуваме кон Роналдо, и од него секогаш да го бараме и невозможното. Тоа што е важно во моментов е што Португалија не победи, и треба да се направи реална проценка зошто е тоа така“, изјави Сантош.
Португалија и Украина се наоѓаат во групата Б, заедно со репрезентациите на Србија, Луксембург и Литванија во квалификациите за пласман на ЕП 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА