Фернандо Сантош ќе остане селектор на Португалија барем уште некој месец. Од португалската федерација не размислуваат за смена на предводникот на националниот тим, но после баражот ситуацијата мора да се смени. Се ќе се знае после баражите кои се закажани за март идната година.
Португалија загуби од Србија во последното коло, и така се најде на второто место на табелата, и ќе мора преку баражот да бара место во Катар. Токму Португалците се едни од можните ривали на Македонија.
Сантош е селектор на Португал од 2014 година. Под негово водство селекцијата во 2016 година го освои Европското првенство, а во 2019 година го подигна трофејот од Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА