Сантош објави 35 имиња на поширокиот список за СП

Европскиот фудбалски шампион Португалија објави 35 имиња на поширокиот список кандидати за Светското првенство во Русија. Селекторот Фернандо Сантош ја искористи можноста на првичната листа да стави максимален број имиња. Предводникот на португалскиот национален тим ќе има големи проблеми, до четврток да го скрати списокот на конечната листа од 23 играчи.

Впечатокот е дека Португалците во пресрет на мундијалот се и уште посилни од Европскиот шампионат пред две години  бидејки го имаат костурот кој дојде до титулата, а во меѓувреме се промовираа уште неколку квалитетни имиња. Листата се разбира ја предводи Кристијано Роналдо.

Репрезентацијата на Португалија на Светското првенство е во групата Б заедно со селекциите на Шпанија, Мароко и на Иран. Првиот дуел ќе го одигра против големиот ривал, Шпанија на 15 јуни во Сочи.

 

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...