Селекторот на фудбалската репрезентација на Португалија, Фернандо Сантош говореше околу целиот скандал што излезе со Крисијано Роналдо и неговото барање да го напушти Мундијалот, поради тоа што не се најде во првиот тим на неговата репрезентација на мечот против Швајцарија во осминафиналето.
Селекторот на Португалија ги демантираше наодите за негово заминување, велејќи дека не бил задоволен што не е во стартниот тим, но дека тоа го прифатил капитенски.
„Роналдо, нормално, не беше задоволен од одлуката да биде резервист. Затоа и разговарав со него, му ги објаснив работите, не беше задоволен, но покажа почитување. Се однесуваше како капитен и во ниту еден момент не се закани дека ќе ја напушти репрезентацијата. Не треба да се фокусираме само на Роналдо, бидејќи и на клупата се однесуваше капитенски, ги бодреше соиграчите и ги прославуваше головите. Тој прв ги поздрави фановите, а потоа доби критики бидејќи сам се упатил кон соблекувалната“, изјави Сантош.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА