Италијанскиот прволигаш Фиорентина го официјализираше ангажманот на играчот од средниот ред на Емполи, Рикардо Сапонара. Тој дојде како позајмен фудбалер на 18 месеци, со можност да го откупи неговиот договор за сума од 10 милиони евра.
„Ова е моја втора шанса во кариерата. Научив многу од моето искуство во Милан и едвај чекам да го имам своите деби за новиот клуб. Сакам да се заблагодарам на Емполи за шансата што ми ја даде и верувам дека ќе ги оправдам очекувањата на челниците на Фиорентина“ – истакна Сапонара.
Италијанецот не успеа да ги покаже своите квалитети во Милан, а со доаѓањето во Емполи блесна и го привлече вниманието на многу екипи, а најбрза за негов ангажман беше Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА