Сапунџиев по две години се врати назад во ТФТ

Иван Сапунџиев повторно ќе го облече дресот на ТФТ откако крилниот кошаркар постигна договор за камбек во скопскиот прволигаш, по двете последни сезони што ги мина во редовите на битолски Пелистер.

Сапунџиев беше дел од тимот на ТФТ од 2020 до 2022 година, токму кога тимот триумфираше во Купот и одлично ја познава средината, а особено менаџментот на клубот. Во двете сезони во Пелистер играше во финалето од плејофот, минатата и во финалето од Купот на Македонија, но не успеа да освои трофеј.

ТФТ досега се засили со Би Џеј Гринли, Џејлен Гафни, Мехи Лонг и младинскиот репрезентативец Тома Стојановски, а со екипата тренира и искусниот Дерин Говенс кој не е исклучено да ја почне сезоната во македонското првенство.

Се вчитува...