„Сапуница“ ќе потрае: Клучниот состанок Партизан – Обрадовиќ одложен на неодредено време

Жељко Обрадовиќ нема денеска да пресече околу иднината како тренер на Партизан, откако состанокот што трофејниот стратег требаше да го има со Управниот одбор на клубот денеска во 11 часот, беше одложен.

Целокупната јавност со нетрпение го очекуваше исходот од овој состанок кој беше најавен како „да се биде или не“ за иднината на Обрадовиќ во Партизан. Сепак, буквално во „пет до дванаесет“ беше објавено дека до средба нема да дојде, и тоа на молба на членовите на УО кои моментно се наоѓаат во странство.

Новиот датум не е познат, но се очекува состанокот да се одржи во текот на следната седмица, а во следните денови би можеле да се случат и одредени промени во играчкиот кадар, како нов знак за поддршка на Обрадовиќ пред трофејниот стратег да ја донесе конечната одлука.

Едно е сигурно, Жељко нема да го води денешниот тренинг на Партизан, а коннечата одлука ќе даде одговор дали Партизан со стариот или пак со нов тренер ќе го пречека Баерн Минхен во следното евролигашко коло.

Се вчитува...