Сапуницата околу трансферот на Нејмар никако да го види својот крај. Пари Сен Жермен се согласи да го врати Бразилецот на „Камп ноу“, но за сума од 215 милиони евра, кои каталонскиот клуб не е во можност да ги исплати.
Каталонците настојуваат покрај пари на „Паркот на принцовите“ да заминат и двајца фудбалери, но од тимот од Париз не се согласуваат бидејќи немаат време да ги договорат личните услови со фудбалерите. Еден од фудбалерите кои треба да бидат вклучени во трампата за Нејмар е Иван Ракитиќ, а вториот е Османа Дембеле кој не сака да замине од Барселона.
Извори од клубот наведуваат дека Барселона викендов ќе испрати нова понуда до ПСЖ, а разговорите ќе останат во тек се до 2. септември кога заврши трансфер рокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА