Сапуницата продолжува: ФИФА го суспендираше Рубиалес поради бакнежот со Ермосо

ФИФА денеска донесе одлука привремено да го суспендира претседателот на шпанската фудбалска федерација од секаква активност поврзана со фудбалот во следните 90 денови. Одлуката важи и на меѓународно и на национални ниво.

ФИФА му забрани да комуницира со шпанската фудбалерка Џенифер хермосо како и со нејзините најблиски, со цел да ги заштити правата на репрезентативката на Шпанија. Забраната е и за шпанската федерација.

ФИФА за својата одлука денеска ги извести Рубиалес, шпанската федерација и УЕФА.

Првиот човек на шпанската фудбалска федерација по завршувањето на финалето на женското СП, ја бакна во уста Ермосо по победата на Шпанките во финалето на Светското првенство, а потоа беше критикуван за неговиот однос. ФИФА почна истрага против Рубиалес кој вчера одби да поднесе оставка од прв човек на федерацијата.

Се вчитува...