Сапуницата околу разделбата на Ванда Нара и Мауро Икарди продолжува со нова епизода, откако Ванда најде нов начин да го повреди аргентинскиот фудбалер, влегувајќи во врска со негов поранешен соиграч од времето кога настапуваше за Интер.
Станува збор за Кеита Балде Диао, екс-играч на Лацио и на Интер, кој немаше премногу блескава кариера. Тој во последните седмици минувал доста време со Ванда, а Мауро Икарди полудел кога дознал дека сопругата излегува со негов пријател, откако се уверил во тоа прегледувајќи ги видео-снимките од заедничкиот стан.
Информацијата прв ја објави шпанскиот новинар Жорди Мартин, обелоденувајќи дека прво што направил излудениот Икарди било пишување порака на сопругата на Кеита, да ја извести за неверството. Икарди се јави со директна порака до Мартин, во која потврди дека ја контактирал сопругата на Кеита, но не и дека неговиот поранешен соиграч има врска со Ванда.
„Се што направив беше пишување порака, нејзиниот сопруг да престане да и испраќа пораки на мојата сопруга (се уште не сме разведени). Имам се, пораки, фотографии, буквално се, но нема да го објавам во јавноста“, истакна Икарди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА