Сапуницата продолжува: Ливаковиќ се врати во Џирона

Хрватскиот репрезентативен голман Доминик Ливаковиќ и натаму е во потрага по ангажман и клуб во кој ќе игра, и така ќе остане во форма пред престојното Светско првенство кое ќе се одржи идното лето.

Хрватот беше пред „кам-бек“ во Динамо, но хрватските медиуми јавуваат за пресврт во преговорите, по што чуварот на мрежата го напуштил Загреб, и се вратил назад во Шпанија, во Џирона.

За да се врати во Динамо, Фенербахче бара дел од парите, а исто така и Џирона има свои побарувања, кои засега Динамо не е подготвен да ги подмири, затоа сега Ливаковиќ ќе тренира со Џирона, и ќе го чека крајниот исход.

Се вчитува...