Скандалот околу Виктор Осимен може да придонесе тој да си замине од Наполи уште во јануарскиот преоден рок, а има екипи кои се подготвени веднаш да го ангажираат. Реал Мадрид е прв на листата кој има потреба од напаѓач, но прашање е дали „кралевите“ ќе ја чекаат шансата за ангажман на Мбапе, или ќе го ангажираат Нигериецот.
Напаѓачот е лут во последните два дена поради исмевање на „Тик Ток“ од страна на неговиот тим Наполи. Осимен бил до толку лут што вчера не се поздрави со своите соиграчи, не комуницирал со никого, а при постигнат гол за својот тим во победата над Удинезе, воопшто не прослави. Претходно ги избриша речиси сите фотографии во дрес на Наполи на „Инстаграм“.
Сето ова води кон заминување во зимскиот преоден рок. Осимен наводно следните неколку дена ќе побара да биде продаден во јануари. Освен Реал Мадрид, клубови од Саудиска Арабија се интересираат за неговите услуги, иако Европа има предност во моментов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

