„Сапуницата“ заврши – Балотели останува во Ница

Заврши уште една сапуница на фудбалската берза, и тоа не со трансфер, туку со останување – Марио Балотели и во наредната сезона ќе го носи дресот на Ница. Италијанскиот голгетер одбиваше да тренира со својот тим на стартот од подготовките, инсистирајќи да му биде дозволен трансфер во Олимпик Марсеј. Подоцна тие преговори пропаднаа, исто како и оние за преселба во Наполи, по што Балотели повторно седна на маса со челниците на Ница и се договори и трета сезона по ред да мине носејќи го дресот на овој француски прволигаш.

„Балотели ќе биде во Ница и оваа сезона. Се договоривме да ја продолжиме соработката и во 2018/19, тој се согласи да остане на состанокот со управата на клубот“ – објавија челниците на Ница на клупската веб-страница.

Ница во првите две кола од новата сезона без помошта на Балотели освои само еден бод. Тренер на оваа екипа од летово е поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виеира.

Се вчитува...