Сара Максимова е МВП на 3. коло од ПЛЖ

Кошаркарката на Баскет Кам, Сара Максимова се закити со признанието за најкорисна кошаркарка на 3. коло од Првата лига жени.

Максимова оствари дабл-дабл учинок од 25 поени и 10 скокови на гостувањето кај Крива Паланка за индекс на корисност од 34, најголем во колото.

Покрај Максимова, во петорката на колото место најдоа и: Ивана Кметовска (Баскет кам), Милица Јовановиќ (Пробаскет), Кајла Томас (Пробаскет) и Сања Адамовска (Баскет кам).

Се вчитува...