Сара Миновска избрана во идеалниот тим на ЕХФ шампионатот

Ракометната репрезентација на Македонија до 20 години го заврши на 6. место на ЕХФ шампионатот кој се играше во Македонија. Левото крило на Македонија Сара Миновска е единствена која што се најде во идеалниот тим на шампионатот.

За МВП заслужено е избрана Холанѓанката Катарина Моленар која беше една од главните виновнички за освојување на златото на „лалињата“.

Ол стар тимот на ЕХФ Шампионатот:

ГОЛМАН: Ракел Вардум – Фарски острови

ЛЕВО КРИЛО: Сара Миновска – Македонија

ЛЕВ БЕК: Катарина Моленар – Холандија

СРЕДЕН БЕК: Јулија Ниевиадомска – Полска

ДЕСЕН БЕК: Анастасија Сивукна – Белорусија

ДЕСНО КРИЛО: Раксел Елварсдотир – Исланд

ПИВОТ: Фани Реикаинен – Финскa

ДЕФАНЗИВЕЦ – Брит Малчалкерверд – Холандија

МВП = Катарина Моленар – Холандија

Се вчитува...