Најдобрата македонска ракометарка Сара Ристовска, влезе во историјата на ЦСКА Москва, откако стана најдобар стрелец од постоењето на клубот, стигнувајќи до бројката 500 голови.
Ристовска овој успех го постигна за четири години, колку што е дел од московскиот тим. До оваа бројка стигна на мечот со Кубањ, кој ЦСКА го загуби, и го претрпе првиот пораз во сезоната.
Ристовска во минатото настапуваше за Крим, Вардар и Металург, а е стандарна во националниот тим на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА