Македонската ракометна репрезентативка Сара Ристовска во следната сезона и официјално ќе го носи дресот на новоформираниот руски тим, ЦСКА Москва. Таа по една сезона го напушта словенечкиот Крим и се сели во Русија.
Во Москва на прес – конференција беше промовиран новиот проект, а присуствуваа претседателот на Руската ракометна федерација, Сергеј Шишкарев, директорот на клубот, Тимур Иванов, како и капитенот Дариа Дмитриева и тренерот Јан Лесли.
Сара Ристовска е една од трите интернационалки кои ќе бидат дел од ЦСКА Москва, заедно со голманката Чана Масон од Бразил и Швеѓанката Сабине Јакобсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА