Сара Ристовска крена уште еден пехар во Русија

Сара Ристовска освои уште еден трофеј во Русија откако по пехарот во националниот Куп на оваа земја, македонската репрезентативка денеска триумфираше и во рускиот супер-куп.

Ристовска и ЦСКА Москва за ривал во денешниот натпревар го имаше силниот состав на Ростов, но Македонката и нејзините соиграчки одиграа импресивен меч, го контролираа резултатот од самиот почеток до крајот и заслужено триумфираа со 21-27.

Македонката постигна само еден погодок на овој натпревар, a најефикасна во редовите на ЦСКА беше Скоробогатченко со осум постигнати гола.

Се вчитува...