Македонската женска ракометна репрезентација синоќа загуби, се чини очекувано, во 3. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година, од моќната Шпанија.
Сепак, Македонија по претходните победи над Литванија и над Азербејџан во квалификациската група е на добар пат да обезбеди учество на ЕП во декември оваа година.
Сара Ристовска вели дека не смее да има разочарување. Напротив, радува фактот дека кај поголемиот дел од помладите репрезентативки се гледа напредок кој треба да не води до ЕП.
„Може да кажам дека сум задоволна како го почнавме натпреварот со Шпанија. Не е нешто ново за нас да има падови низ играта, но навистина во поголемиот дел од првото полувреме успешно париравме на една силна селекција како Шпанија. Ова беше добра проверка да видиме до каде сме, и мислам дека нашите помлади репрезентативки се наистина напреднати, и се чувствува индивидуалниот клупски ангажман во нивната игра. Нема разочарување, не чека нов натпревар со Шпанија на гости, а потоа и новите пресметки со Литванија и со Азербејџан на кои треба да се потврди визата за ЕП“ – вели Сара Ристовска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА