Сара Ристовска со словенечкиот Крим Меркатор на домашен терен загуби од Ѓер со 23-32 (10-16) во 5.коло во групата Ц од Лигата на шампионите.
По втор пат сезонава словенечкиот тим беше немоќен против европскиот шампион, иако овој пат поразот беше „поподнослив“ за разлика од првиот дуел во кој Ѓер славеше со 16 гола разлика.
Но, овој натпревар од претпоследното коло од групната фаза во ЛШ, немаше резултатска важност бидејќи и двете екипи веќе ги имаа обезбедено првите две места во групата и пласман во следната фаза.
Ристовска го заврши натпреварот со четири погодоци исто колку што имаа имаа и Цакалу и Передериу, а најефикасна со пет гола во составот на Крим беше Нина Зулиќ. Ѓер во новиот триумф го предводеше Едуарда Аморим Талеска со перфектни седум од седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА