Сара Ристовска одигра солиден натпревар во дресот на Рапид Букурешт против унгарскиот гигант Ѓер во рамките од Лигата на Шампионите, дуел што романскиот тим го загуби на домашен терен со 25-28.
Ова беше последен меч од женската Лига на Шампиони во пресрет на Европското Првенство што ќе стартува кон крајот на овој месец. Ристовска беше во елемент, постигна три гола од исто толку обиди во првото полувреме, но во вториот дел имаше помала минутажа и не успеа да се запише меѓу стрелците, имајќи само еден нереализиран удар кон противничкиот гол.
Грозав со седум гола беше најефикасна во таборот на Рапид Букурешт, додека прво име кај Ѓер беше француската репрезентативка Нзе Минко со осум погодоци.
Рапид моментно е претпоследен во својата група од ЛШ со само три освоени бода по првите осум рунди, додека Ѓер ја има лидерската позиција со 13 освоени бода во елитното европско натпреварување.
Македонската репрезентација утре ги почнува подготовките за ЕП 2024 што нашите ракометарки ќе го играат во група во Дебрецин, шампионат на кој еден од главните адути на ншиот национален тим ќе биде токму Ристовска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА