Сара Ристовска со тимот на ЦСКА Москва приреди големо изненадување на стартот од Лигата на шампионите во женска конкуренција, запирајќи го европскиот првак Ѓер (24-24).
Рускиот состав одлично им парираше на европските шампионки, на одмор се замина со израмнети 14-14, а Ристовска и нејзините колешки одолеаја на налетите на фаворитот и на крајот заслужено стигнаа до бод. Македонската репрезентативка го заврши натпреварот со три гола од четири обиди, додека најефикасна во таборот на Ѓер беше Кристијансен со седум погодоци, а Лејно беше одлична на голот на унгарскиот гигант со 16 успешни интервенции.
ЦСКА Москва во следното коло ја очекува нов сериозен предизвик, гостување во Подгорица против тимот на Будуќност.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА