Сара Ристовска со втор најубав гол на денот на ЕП 2024

Сара Ристовска го освои второто место на рангирањето за најубав гол на натпреварите што беа дел од вчерашната програма на ЕП 2024. Македонија претрпе пораз од Унгарија од 19-29, но погодокот на Ристовска по мајсторската асистенција на Кипријановска се најде на втората позиција на најновата Топ-листа што утрово ја објави европската ракометна федерација.

На ова рангирање има мето и за за поранешната „вардарка“ Камил Херем, Сомаза од Шпанија и Меро од Франција, а на чело се најде Австријката Рајхерт со прекрасниот гол во финишот од мечот со Словенија.

Уживајте во најубавите пет погодоци од вчерашната програма на ЕП 2024…

Се вчитува...