Сараево претрпе тежок пораз од Борац во петтото коло од првенството на Босна и Херцеговина со 5-1, натпревар кој наиде на остри критики во јавноста првенствено поради делењето на правата на судијата Сабрија Топаловиќ.
На Сараево му беше поништен гол за изедначување на 2-2 поради претходно играње со рака на асистенција на ВАР, а потоа гостите останаа и со фудбалер помалку откако во 64. минута му беше покажан црвен картон на Јата.
За гостите 90. минути одигра поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски кој незадоволството го изрази преку социјалната мрежа „Инстаграм“ каде објави контроверзна порака.
„Добредојдовте во аматерската Премиерлига. (Да живее Тито)“, напиша Македонецот кој брзо и ја избриша објавата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

