Саразан е во стабилна состојба, опорaвувањето ќе го продолжи во Лион

Најдобриот француски скијач во брзите дисциплини, 30-годишниот Сиприен Саразан, кој пред една недела се здоби со сериозни повреди на тренинг во Бормио, во петок ќе биде префрлен на одделот за неврохирургија во болницата во Лион.

Саразан настрада на вториот тренинг спуст на патеката Стелвио, каде изгуби контрола на средина на патеката. Тој при падот се здоби со повреди на главата и грбот и итно со хеликоптер бепе префрлен во болницата во Сондал.

Таму му беше извршена операција при која лекарите го отстранија хематомот и го запреа крварењето во черепот. Според докторот на француската репрезентација, др. Стефан Буле, здравствената состојба на Саразан сега е стабилна, а трансферот во Лион ќе му овозможи дополнителна специјалистичка нега.

Се вчитува...