Италијанскиот стратег Маурицио Сари влета во непријатен период откако неговиот Челси беше декласиран со 4-0 на гостувањето кај Борнмут. Се споменуваат дури и неговите наследници на клупата на „Стемфорд бриџ“, а тој се обидува да ја спушти топката со најдобриот фудбалер, Еден Азар. Претходно, си разменија по некоја ’строга реченица’.
„Азар се менува. Тој беше навикнат да игра премногу индивидуално, но мораше да сопре со тоа. И не е воопшто лесно. Но, оваа промена ќе го направи уште поопасен за противничкиот гол“, изјави Маурицио Сари.
Челси денеска на „Стемфорд бриџ“ ќе го пречека Хадерсфилд и се надева на успех по двата последовни порази од Арсенал и од Борнмут.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА