Лацио предводен од Маурисио Сари претрпе пораз од 2-0 на гостувањето кај Милан во 7. коло од италијанското првенство и падна на 14. место на табелата со само седум освоени бодови.
Тренерот на тимот од главниот град на Италија не го криеше незадоволството од натпреварот, но не ги критиуваше своите фудбалери туку раководството на европскиот и светскиот фудбал, како и италијанската федерација поради густиот распоред.
„Моравме да правиме промени во составот бидејќи имаме луд распоред на натпревари. Апсолутно сум бесен на УЕФА, ФИФА и Серија А на нивното здружување за местење на ваков ненормален распоред. Ги праќаат овие момци „на колење“, а никој не интервенира. Ова е сега фудбал во кој зимаш пари и бегаш. Само што парите не доаѓаат до Серија Ц каде не можете да заработите за живот како професионален фудбалер“, изјави Сари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

