Сари: Дајте ми ја Барселона!

Лацио вторпат после 2000 година ќе се најде во ждрепката за 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Римскиот клуб игра подобро во Европа отколку во домашното првенството. Ја минаа групата како второпласирани, откако беа совладани од Атлетико, кој на крајот заврши како првопласиран во групата.

Лацио се најде пред Феенорд и Селтик, и така сега ќе добие некој од првопласираните екипи во ждрепката за 1/8 финалето. Тренерот Маурицио Сари ја искажа својата желба, а тоа е тимот на „Каталонците“.

„Барселона е единствениот голем клуб во кој досега во кариерата се немам сретнато. Ако дојде до тоа, ќе ми биде жал што нема да гостуваме на „Ноу Камп“, но вистина е дека Барселона ми недостасува како противник. И сакам сега да се случи тоа“, рече Сари.

Претходно Лацио во 1/8 финалето играше во сезоната 2020/21 кога во група со Борусија Дортмунд, Бриж и Зенит го зазеде второто место, но испадна од Баерн Минхен во 1/8 финалето.

Се вчитува...