Новиот тренер на Јувентус, Маурицио Сари, ќе се обиде во Торино да го доведе и својот миленик Жоргињо. Играчот за врска на Челси токму на негово барање пристигна од Наполи во Лондон, а Сари сега сака да го врати во Италија и да му го довери дресот на „старата дама“. Оваа ‘операција’ би го чинела Јувентус околу 40 милиони евра.
„Жоргињо има четиригодишен договор со Челси и ќе мораме да добиеме дозвола од клубот за евентуални преговори со Јувентус. Убаво е кога првакот на Италија се интересира за мојот клиент, мислам дека нема да има никаков проблем што тој во минатото го носеше дресот на Наполи. Впрочем, ист е случајот и со тренерот Сари, како и со Гонзало Игуаин“, изјави Жоао Сантош, агентот на Жоргињо.
Од Челси во Јувентус се враќа и аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА