Сари има две понуди од Премиер-лигата, бара гаранции од Лацио

Маурицио Сари побарал итен состанок со претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, барајќи гаранции околу буџетот за засилувања за наредното лето и амбициите што римскиот клуб би ги имал во наредната сезона. Ваквиот развој на настаните доаѓа само неколку дена по големата победа на римското дерби со Рома, по која Сари добил две интересни понуди од Премиер-лигата.

Тотенхем и Вест Хем се клубовите кои имале првичен контакт со поранешниот менаџер на Челси, кој не ја отфрлил можноста за враќање назад на „островот“. Сари сепак останал максимално коректен, сакајќи предност во разговорите да му даде на својот сегашен клуб.

Лотито планирал да чека до крајот на сезоната за средба со тренерот на која ќе бидат дискутирани плановите за новиот шампионат, чекајќи меѓу другото да види и дали тимот ќе се квалификува за ЛШ. Сепак, Сари бара одговори многу побрзо, за доколку не најде заеднички јазик да продолжи со преговорите со лондонските тимови, кои секако нема да го чекаат до јули и во меѓувреме ќе доведат нови тренери.

Италијанските медиуми тврдат дека искусниот тренер веќе неколку месеци е во војна со спортскиот директор Игли Таре, поради што бара средба со Лотито на која само ќе ја потврди својата желба за заминување од „Олимпико“.

Се вчитува...