Маурицио Сари речиси 35 години се знимава како тренер, огромен дел од овој период мина во Италија, ако се земе во предвид кратката авантура во Челси како исклучок.
Тој веќе една година е без ангажман откако си замина од клупата на Лацио, а Сари во изјава за „Тутоспорт“ обелодени кој е клубот што сонува да го води пред крајот на кариерата.
„Сон ми е да бидам тренер на Бока Јуниорс. Да, тоа е луд сон, не знам колку е остварлив, но навистина би сакал еден да добијам шанса да го водам аргентинскиот гигант. Би било прекрасно да ја водам Бока пред преполните трибини на Бомбоњера“, изјави Сари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА