Сари ќе донесе психолог во Челси

По два порази во последните четири натпревари, на четвртата позиција на табелата и со 11 бода помалку од првопласираниот Ливерпул, Челси го дочекува популарниот „Боксинг деј“ во Премиер-лигата.

По неуспехот во мечот против Лестер во викенд рундата, менаџерот на Челси, Маурицио Сари најави дека ќе ангажира психолог затоа што според него проблемите потекнуваат од менталниот пристап не неговите фудбалери.

„Имав спортски психолог уште пред 15 години во Италија. Беше тешко затоа што клубовите тогаш не беа подготврни за такво нешто. Но, сега веќе можеме да разговараме за такво нешто. Причината за нашиот пораз не беше физичката подготвеностили тактиката. Бевме добри 55 минути, а потоа само две минути подоцна бевме во проблеми. Бевме во шок и во конфузија“ – изјави Сари по мечот со Лестер.

Во следното коло, в среда, Челси се среќава со Вотфорд.

 

Се вчитува...