Сари ќе му даде одмор на Кристијано Роналдо

Италијанскиот првак Јувентус денеска му гостува на Лече во премиерниот меч од деветтото коло на Серија А, а тренерот Маурицио Сари одлучи да го игра без најдобриот фудбалер Кристијано Роналдо. Тој ќе добие одмор поради згуснатиот распоред на натпревари на „старата дама“.

„Кристијано не сака многу да одмора, но не очекува навистина пеколен ритам и сите треба да можат тоа да го издржат“, изјави Сари.

Покрај Роналдо, во тимот на Јувентус ќе ги нема и Даглас Коста, Арон Рамзи и Џорџо Кјелини поради повреди. Во составот се враќа Матија де Шилјо.

Јувентус има седум победи и само едно реми во досегашниот тек од шампионатот и се наоѓа на првата позиција, со бод предност во однос на Интер.

Се вчитува...