Повеќе од јасно беше дека Маурицио Сари е бесен на голманот Кепа поради фијаското во финишот од финалето во лига-купот, па никој не му веруваше на стратегот на Челси кога во првата изјава на „Вембли“ истакна дека станувало збор за недоразбирање за кое никој немало да биде казнет. Авторитетот на тренерот беше поткопан, па клубот на крајот сепак реагираше – казнувајќи го Кепа со една неделна плата.
А Сари го имаше својот дел од одмаздата откако го остави Шпанецот на клупата на синоќешниот натпревар против Тотенхем, што Челси го доби со 2-0.
„Тоа беше многу лесна одлука за мене. Кепа направи голема грешкка и мораше да плати за тоа што го стори. Ова е порака до сите во тимот, дека не сме 25 поединци туку колектив што мора да биде силен. Тоа е се, а за Кепа вратата не е затворена, тој ќе биде со нас и во иднина“ – децидно порача Сари по синоќешниот триумф на лондонското дерби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА