Тренреот на Лацио, Маруицио Сари во интервју зборуваше за неговиот однос со Жозе Мурињо. Односот со Португалецот беше нарушен уште во Премиерлигата, кога Сари беше дел од Челси, а Мурињо го водеше тимот на Манчестер Јунајтед.
Меѓутоа Сари рече дека тоа повеќе било „напумпано“ во медиумите, колку што навистина има нешто што би се нарекло непријателство.
„Немам никакви проблеми со Мурињо. Нема непријателство. Ми се допаѓа како тренер и комуницираме. Тој е еден од најинтелигентите тренери кои ги познавам. На мечот меѓу Челси и Јунајтед се случи нешто што медиумите го искористија“, рече Сари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА