Сари не е воодушевен од тоа што Модриќ ќе заврши во Милан

Се поизвесно е дека Лука Модриќ кариерата ќе ја продолжи во италијански Милан, што вчера го потврди и спортскиот директор Игли Таре.

Италијанците се претежно задоволни од сработеното, но мислењето не го дели тренерот на Лацио, Маурицио Сари.

„Модриќ во Милан? Мислам дека ПСЖ ни одржа лекција на сите оваа сезона“, изјави Сари. 

Сари во кариерата ги водеше Емполи, Наполи, Јувентус и Челзи, а сега по вторпат е на клупата на Лацио.

 

Се вчитува...