Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, ги отфрли обвинувањата од таборот на Интер за непочитување на ферплејот за време на денешното дерби меѓу двете италијански екипи.
„Нероаѕурите“ реагираа при вториот гол на „лацијалите“ бидејќи Димарко лежеше на теренот во моментите кога Андерсон ја затресе нивната мрежа, но Сари потсети дека фудбалерот на Интер паднал кога гостите имаа посед, но тие не ја исфрлија топката.
„Искрено не разбирам зошто беше плачењето од таборот на Интер. Нема ниту простор за дебата, Димарко падна и Интер ја имаше топката. Тие дури и се обидоа да шутнат на нашиот гол, а ако некој треба да ја исфрли топката, тоа е тимот што има свој играч на земја. Со тоа што тие не ја исфрлија, ние имавме апсолутно право да ја продолжиме нашата акција. Вакви работи и реакции може да видите само во Италија“, изјави Сари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА