Сари одбил понуда од С.Арабија: За еден месец можев да заработам колку за цела година во Лацио, но срцето одбра

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари проговори за понудата која ја имал од тим од Саудиска Арабија. Тој рече дека финансиски била одлична, но не ги следел парите, туку срцето, и затоа се одлучил на крајот за италијанскиот тим.

Сари, практично се врати во Лацио после една година пауза, откако го водеше овој тим од 2021 до 2024 година, а претходно беше дел од Јувнетус, Челси и Наполи.

„Оваа година имав разговори од саудиски тим. Таму би заработил за еден месец колку што би заработил за една година во Лацио. Но, реков дека ќе го следам срцето, а не парите. Не ме интересираат парите. Отсекогаш сум го сакал фудбалот поради страста, и не сакам да го работам ова поради пари. И згора на тоа, би ми било тешко да работам таму“, рече Сари.

Се вчитува...