Тренерот на Лацио, Маурицио Сари рече дека е тешко да се очекува на реваншот во Минхен против Баерн да одигра како на првиот меч. „Римјаните“ славеа на „Олимпико“ со 1-0 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите.
Чиро Имобиле од пенал му донесе победа на Лацио, меѓутоа треба да се напомене дека германскиот гигант играше со играч помалку.
„Никој нема капацитет да повторува такви партии. Постојат екипи кои поради своите способности може да победуваат и кога не се на нивото. Којзнае каде ќе бевме на табелата во Серија „А“ ако вака игравме и во домашното првенство. Ќе бидам многу среќен ако поминеме во следната фаза. Во претходните три години се поревме да бидеме во ваква ситуација, а сега победивме тим кој вреди 800 милиони евра. Секогаш се радуваме на вакви победи, но морам да признаам дека победата над Рома е послатка“, рече Сари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА