Менаџерот на Челси, Маурицио Сари, потврди дека клубот сака да го задржи аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин и следната сезона. Тој пристигна на позајмица која истекува на крајот од сезоната и би можел да остане на идентичен начин, со оглед дека Челси има забрана за трансфери во претстојните два преодни рока.
„Во теорија, Игуаин останува во клубот. Тешко е адаптацијата на Премиер – лигата и мислам дека следната сезона ќе постигне многу голови. На напаѓачите им е посебно тешко да се навикнат на англискиот шампионат. Се сеќавам дека Суарез во својата прва сезона во Ливерпул постигна само три, потоа 16, а третата веќе 24“, изјави Маурицио Сари.
Гонзало Игуаин како позајмен играч од Јувентус игра во дресот на Челси и на 15 натпревари постигна четири гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА