Сари: Саудиска Арабија? Смеам ли да пушам таму?

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари е познат како страствен пушач. Италијанскиот стручњак, призна дека пуши и до 60 цигари дневно. Позната е приказната дека тој направил посебна зона во соблекувалната на „Олимпико“ каде може непречено да ужива во пушењето цигари.

Неодамна Салцбург, играјќи против Лацио во Лигата на Европа, создаде посебна зона во соблекувалната на гостите само за Сари. Сега не смее да користи цигари за време на натпреварите, иако е забележано дека често џвака тутун во близина на клупата за резерви.

Кога неодамна го прашаа дали би прифатил понуда од Саудиска Арабија, каде што пушењето е исто така забрането на јавни места, Сари даде интересна изјава.

„Тренер во Саудиска Арабија? Може ли да пушам таму? Ако може, тогаш ќе видиме…“ – рече Сари.

Се вчитува...