Сари со објаснување за упатениот среден прст кон противникот од клупата (ВИДЕО)

Лацио им се врати на победите и не дозвол втор кикс во низа на домашен терен, откако вчера ја победи Верона на „Олимпико“ со 2-0, натпревар кој донесе и доста емоции и тензија крај аут линијата.

Во центарот на вниманието беше Маурицио Сари, искусниот стручњак кој го предводи Лацио, а кој влезе во караница со некој од противничката клупа.

Сари целосно се „исклучи“ и покажа среден прст поради кој може да добие казна од дисциплинската комисија, но иако прво се мислеше дека истиот е наменет за тренерот Габриеле Чофи, предводникот на Лацио вели дека тоа било посвето на директорот кој добро го познава.

„Директоро Мароку го познавам толку многу години и погрешив со протолкувањето. Слушнав дека ми довикува „седи доле“, а тој ми рекол да се смирам. Го разјаснивме ова по мечот и се смеевме за оваа епизода која ја видоа и сите фудаблски фанови“, изјави Сари.

 

 

 

Се вчитува...