Сари: Загрижен сум за тимот, не за моето работно место

Челси доживеа класичен нокаут на „Етихад“, губејќи го дербито против Манчестер Сити со неверојатни 6-0. Фановите на лондонскиот клуб се бесни и ја бараат главата на менаџерот Маурицио Сари, а тој вели дека е позагрижен за тимот, отколку за своето работно место на „Стемфорд бриџ“.

„Јас сум одговорен за поразот, јас сум менаџер на тимот. И не ми пречи да имам разговор со раководството околу мојата иднина во клубот. Искрено, многу повеже ме загрижува зошто тимот изгледаше така против Манчестер Сити. Имаме многу да работиме и треба многу да се подобриме“, изјави Маурицио Сари.

Челси по овој пораз падна дури на шестата позиција на табелата во Премиер – лигата, но има само бод помалку од четвртопласираниот Манчестер Јунајтед.

 

Се вчитува...