Челси не успеа да слави на „Стемфорд бриџ“ против Барнли, одигра 2-2 и си ги влоши шансите во трката за пласман во Лигата на шампионите. Не го искористи „киксот“ на Тотенхем и на Арсенал за да се искачи на третата позиција на табелата во Премиер – лигата.
За да биде неволјата поголема, менаџерот на „сините“, Маурицио Сари, загуби и двајца важни фудбалери поради повреди. Младиот Калум Хадсон – Одои заработи повреда на ногата и мораше да биде заменет во 41.минута, а на негово место во игра влезе Педро. На полувремето принудно беше заменет и Нголо Канте, кој заработи повреда на мускулот, а шанса доби Матео Ковачиќ. Но, Челси не успеа да стигне до триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА