Сари збесна: Лотито нека бира, нов терен или нов тренер

Лацио одигра 0-0 на дуелот со Удинезе, а за тренерот Маурицио Сари нема дилема дека главен проблем за неговиот тим претставуваше лошиот терен за игра на „Олимпико“.

Сари отиде дотаму што јавно испрати закана до претседателот Клаудио Лотито, доколку не планира да го смени теренот, да почне да си бара нов тренер.

„Не знам што планира нашиот претседател, но ако не мисли да стави нов терен за подлога, тогаш треба да почне да си бара нов тренер. Моите тимови секогаш имаат по 700 додавања на натпревар, што не е возможно на ваков терен за игра. Затоа, ако теренот остане, тогаш Лацио треба да си доведе нов тренер со кого ќе игра подобро на него“, порача Сари.

Проблем повеќе за „лацијалите“ е повредата на Чиро Имобиле, по што голгетерот на римскиот клуб гоочекува повеќенеделна пауза од терените.

Се вчитува...