Италијанскиот стратег Маурицио Сари се израдува на првиот европски трофеј со Челси, го прослави со пура и пехар в раце, а истакна и дека потполно го разбира Еден Азар, кој најави заминување од „Стемфорд бриџ“. Тој со два гола и една асистенција беше херој во победата (4-1) против Арсенал во финалето на Лигата на Европа.
„Еден Азар е неверојатен фудбалер. Исто така е и неверојатна личност. Сака да си замине, веќе не информираше за тоа и јас потполно го разбирам. Сака да отпочне нова страница во кариерата, токму како и моето доаѓање во Англија“, изјави Маурицио Сари.
Италијанскиот првак Јувентус вложува максимални напори да го врати Сари во Италија, но тој има актуелен договор со Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА