Брегалница повторно се „сопна“ на Каменица Саса во Втората лига – Исток, ремизирајќи (1-1) и на вториот меѓусебен меч сезонава.
Штипјани не успеаја да стигнат до трите бода само поради погодокот на Горан Здравков кој израмни за Саса буквално во последните секунди од натпреварот со прекрасен гол со шут од повеќе од 20 метри.
Претходно Брегалница дојде до предност со автоголот на Виктор Марковски во 53. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА