Саша Дончиќ е назначен за нов спортски директор во Кошаркарскиот сојуз на Словенија, потврдија од федерацијата на таа земја.
Таа улога ја извршуваше неодамнешниот генерален секретар на Федерацијата, Радослав Нестеровиќ, но кога тој ја напушти федерацијата, функцијата ја презеде Алеш Крижнар, со кој отсега ќе соработува Саша Дончиќ.
Саша Дончиќ работеше во словенечкиот клуб Илирија, но неодамна си замина од тој тим. Пред Словенците е првото коло од квалификациите за ЕП 2025 година, додека на лето ќе има турнир за пласман на Олимписките игри во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

